Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното гостување на телевизија 1ТВ на прашањето што ќе направи ако и се јави премиерот Зоран Заев и и рече да го отфрли обвинението против Орце Камчев, таа одговори дека ќе му рече дека тоа не е негова работа.
Ако Заев ми се јави за некој случај, ќе му речам дека тоа не е негова работа, како што би му рекла и на кој било што би ми се јавил, одговори Јанева.
Колку за потсетување, во текот на денешниот ден екс премиерот Никола Груевски напиша ФБ статус во кој соопшти дека е во Будимпешта од каде што ќе побара политички азил од унгарските власти. Груевски во својот пост вели дека добил закани по животот и дека никогаш нема да отстапи од каузата за Македонија.