6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Во живо: Вклучување директно од адресата на Груевски во Будимпешта

1ТВ најави дека во живо ќе се вклучи од адресата каде се наоѓа Груевски, екс премиерот кој избега од државата, откако требаше сам да се пријави во Шутка.

Распишана е меѓународна потерница по екс-премиерот Никола Груевски, откако МВР попладнево потврди дека тој е пребеган во Унгарија. Во соопштението од МВР се наведува дека по направените соодветни проверки Министерството утврдило дека Груевски се наоѓа во Унгарија.

„Министерството за внатрешни работи доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил “, се наведува во соопштението. МВР веднаш побара од Кривичниот суд да издаде решение за распишување на меѓународна потерница по Груевски, што беше експресно направено.

Пет часа им требаа денеска макеоднските институциите да ја потврдат информацијата која Груевски ја споедли на фејсбук нешто по 13 часот дека се наоѓа во Унгарија каде побарал политички азил.

Екипата на 1ТВ најави дека во секој момент нивната новинарка треба да се јави во живо во вестите, директно од адресата каде се наоѓа Никола Груевски.

Гледајте во живо – ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави