6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Јанкулоска откри каде се наоѓа и го прокоментира бегството на Груевски

По екс-министерот Миле Јанакиески, се огласи и екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која за ТВ21 вели дека го осудува бегството на поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски.

„Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде“, рече Гордана Јанкулоска за ТВ21.

Таа рече дека ќе продолжи да присуствува на судските рочишта.

За разлика од нив двајца, екс премиерот Никола Груевски се наоѓа во Будимпешта, од каде што како напиша самиот, ќе побара азил од унгарските власти.

Дали Оливер Спасовски и МВР ќе бидат побрзи од донесување таква одлука или Никола Груевски ќе продолжи да си живее мирно и спокојно во Унгарија, останува да видиме.

поврзани објави

Последни објави