Екипата на 1ТВ е на пат кон Будимпешта, а вечерва во Отворено Студио имаше вклучување во живо, во кое што граѓаните можеа да кажат свое мислење за последните случувања за и околу бегството на поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски.
Нешто по 18 часот како што извести водителот Чомовски, новинарката на 1ТВ Кристина Атовска, заедно со снимателот тргнале на пат кон Будимпешта.
Тој и самиот објави дека ќе бара азил во Унгарија, но како што претходно рече преку линковско јавување во Студио 1 претседателот на Кривичен Иван Џолев, нема основа за тоа, особено ако причина се заканите по неговиот живот.
Новинарката Атовска најавува дека во текот на утрешниот ден екипата ќе ги посети сите места каде што би можел да биде Груевски со помош на информаторите од Будимпешта, од кои дознале дека една вечер преспал во хотелот „Коринтија“.
Таа во второ јавување рече дека според изворите на 1ТВ од Унгарија, Груевски оваа вечер не е во хотел туку во вилата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Извор: 1ТВ