Популарниот шоумен, водител и новинар Миленко Неделковски кој во јавноста важеше за близок на власта предводена од екс премиерот Никола Груевски синоќа на својот ФБ профил се пофали дека тој прв објавил како што вели „каде е човекот“.
Миленко Неделковски преку Фејсбук се пофали дека прв објавил каде е поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Неделковски тврди дека Груевски побегнал со логистика од Стоиљковиќ и Јакимовски, од Крива Паланка во правец на Подржи коњ и Луке, па во близината на тромеѓето со Србија и Бугарија кај Пролесје во Србија.
Според Неделковски, поранешниот премиер потоа одел преку Радовница и Доњи Стајевац кон Врање.
– Од таму за Белград, Нови Сад со асистенција на Вучиќ. Од таму по наредба и со дозвола на Орбан преку граница каде нема граничен премин во близината на селото Горњи Таванкут. И ондак то, напиша Неделковски.