1.8 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Унгарскиот министер прашан како Груевски пристигнал кај нив – одговорот зачудува

Унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто, на прес конференција која ја имаше утринава не одговори и покрај инсистирањето на новинарите како Никола Груевски стигнал во Унгарија без пасош, пишува Нова ТВ.

Сијарто рече дека „нема право ниту овластување да сподели информации за тековна постапка за азил“.

” Претпоставувам дека предметот е во постапка за азил. Дотогаш, не можам да ви дадам повеќе информации“ рече тој.

Согласно унгарскиот закон, Груевски морал најпрво да биде задржан во еден од т. н. транзитни центри за баратели на азил. Доколку влегол во земјата од Србија, тогаш според унгарскиот закон, мора да биде вратен таму. Од Хелсиншкиот комитет изјавиле дека Владата на Унгарија треба да го врати Груевски во транзитната зона меѓу Унгарија и Србија, бидејќи тој нема пасош.

Груевски и унгарскиот премиер Орбан имаат блиски односи – Орбан отворено и директно ја подржуваше кампањата на ВМРО ДПМНЕ, и имаа идентични ставови за Сорос и за мигрантите.

Повеќе за ова на Нова ТВ.

поврзани објави

Последни објави