Многу наши Македонци веќе со генерации живеат во Австралија. Поради тоа, во еден австралиски град постојат улици кои постојано ги потсетуваат на нивната татковина, пренесува Македонија Денес.
Така во Австралија може да сретнете улица која се вика „Ракија“, „Охрид“, „Битола“, „Св. Никола“, „Пелистер“ како и улици именувани по неколку села од каде што потекнуваат дел од македонските иселеници.
Првите доселувања во Австралија се забележуваат на почетокот , и во седумдесеттите и осумдесеттите години на дваесеттиот век. Македонците во Австралија се најсконцентирирани во југозападните и источните делови на државата, во сојузните држави Викторија, Нов Јужен Велс и во делови на Источна Австралија како во градовите Сиднеј, Перт, Мелбурн, Вологонг, Аделаид… Поголемиот дел на Македонците во Австралија се по потекло од Битолскиот и Преспански крај, како и од Егејска Македонија. Поради својата голема бројност (над 200.000), во Сиднеј работи и паралелка на македонски јазик во една сиднејска гимназија, а Македонците во Австралија имаат и свои радио и ТВ емисии.
Извор: Македонја Денес – ОВДЕ