11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Унгарски медиуми откриваат нови детали во врска со Никола Груевски и Виктор Орбан

Одговорното лице за односи со јавноста во кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, Хавас Берталана, за унгарските портали изјавил дека првиот човек на унгарската влада во неговиот дом немал средба со македонскиот екс-премиер, откако тој дошол по азил во Унгарија.

„Премиерот отиде дома вчера, се сретна со лицата Флора и Роза, но не и со човекот кого што го именувавте. Значи информацијата треба да се класифицира како „патка“, рекол Берталана.

Ваквата информација беше побарана од службите во унгарската влада откако некои портали пренесоа дека Груевски е во домот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Според информациите кои ги доби 1ТВ, екс премиерот Никола Груевски првата ноќ ја поминал во еден од хотелите во Будимпешта, додека за втората вечер од неговиот престој во Унгарија, добиле неофицијални информации дека тој се наоѓа во вилата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

поврзани објави

Последни објави