На официјална свеченост по повод денот на ослободувањето на Скопје, „13 Ноември“, Сојуз на спортови на Скопје додели награди за најзаслужните спортисти и спортски работници во градот. Признанијата и наградите се должат на нивните успеси, но и на печатот кој го оставаат во спортот низ годините, пренесува Фактор.мк.
Бобан Илиоски, член на клубот „Шампион“ е најдобриот спортист на Скопје со своите резултати во кик – боксот во Македонија и пошироко. Тој има освоено две први места на европски купови и едно второ место на светски куп. Дејан Митровски е најдобар тренер во клубот „Шампион“ за неговата работа со Илиоски и Викторија Варадинова. РК „Вардар“ е најдобар клуб на Скопје, а Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венислав Недев ја добија наградата за животно дело, додека најдобар професор по физичко е Мартин Мартиновски од ООУ „Партение Зографски“. Зоран Поповски е најдобар спортски судија, Ласте Димитриевски од Нова Македонија е најдобар спортски новинар, Перица Крстевски, Никола Тасев, Гордана Николовска се најдобри спортски работници и Дарко Каевски, директорот на Агенција за млади и спорт е најдобар општествено спортски работник/функционер.
Никола Тасев на својот ФБ профил изрази благодарност и задоволство за наградата 13 Ноември.
Задоволството од наградата 13 Ноември ми е огромно затоа што е добиена од организација што ја води легенда спортист и спортски работник Ѓоко Кузмановски.