fbpx
17.8 C
Skopje

ФОТО: Германија донираше четири возила на МВР за потребите на Граничната полиција

АКТУЕЛНО

Денес во просториите на МВР, амбасадорката на Германија изврши свечено примопредавање на донацијата вредна 60.000 евра. Донацијата се состои од четири возила „Дачиа Дастер“ за потребите на Граничната полиција.

Министерот Агим Нухиу се заблагодари  за подарокот и нагласи дека во досегашните реформски зафати во македонската полиција, во нејзиното функционирање, во најголем дел се должат на партнерството на повеќе европски земји, но и од сојузното министерство на Република Македонија.

Подарените возила според амбасадорката на Германија во Македонија, Кристина Алтхаузер, претставуваат симбол на досегашната плодна соработка меѓу двете земји.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -