23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Рекордна невработеност од 12.3 милиона луѓе во Бразил

Стапката на невработеност во Бразил во период од октомври до декември 2016 година достигнала до 12 посто, што значи нов рекорд, а ова се темели на истражување на официјалните податоци.

Тоа значи дека 12.3 милиони луѓе во тој период биле без работа, што е за една третина повеќе во однос на истиот квартал во 2015 година, соопшти бразилскиот институт за географија и статистика.

Релативно високата стапка на невработеност, ја загрозија и популарноста на владата на претседателот Мишел Темер кој минатата година дојде на власт по заминувањето на поранешната претседателска Дилме Русеф.

 

 

поврзани објави

Последни објави