Поранешниот македонски премиер не е бугарски граѓанин и нема издаден бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда. Реакцијата на министерството доаѓа по повеќе шпекулации во балканските медиуми дека Груевски со бугарски пасош побегнал во Унгарија.
-Никола Груевски не е бугарски граѓанин и нема поднесено документи за бугарско државјанство. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, Груевски нема издаде бугарски пасош, се вели во соопштението од бугарското Министерство за правда.
Бугарските медиуми прецизираат дека информацијата за бугарскиот пасош на Груевски потекнува од унгарските медиуми и е целосна измислица.