11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Фрчковски без влакна на јазикот: Причината за бегството на Груевски е следна

Професорот Љубомир Фрчковски во вчерaшаното гостување на 1ТВ го коментираше бегството на Никола Груевски и вината ја гледа кај МВР.

-Никого не можете да убедите дека тоа не е договор. Проблемот е кога неказнивоста се шири како став, ова е трет премиер за кого не може да се реазлира казната. Главниот креатор на криминалот го нема, и целата процедура станува иронична, вели Фрчковски.

Професорот додава дека тоа е кикс и на МВР, кои морале да бидат по претпазливи.

-Начинот на правдање како избегал е втора грешка. Очигледно е дека кај МВР е грешката. Законска обврска е лице со одземен пасош да не му дозволите да ја напушти земјата. Оперативно МВР може да покрие лице ако процени дека има ризик. Они тука киксирале. Видете го речникот кој го употребуваат: кукавица, ги остави своите… Можеби за нив е подобро Груевски надвор, со призната вина и девалвиран, отколку Груевски како херој во затвор. Но, за нас тоа е катастрофа и очигледно они не ги сфаќаат последниците, вели Фрчковски.

поврзани објави

Последни објави