Град Скопје, на иницијатива на градоначалникот Коце Трајановски воведе бесплатен превоз за сите граѓани на територија на Скопје од утре се до моментот на намалување на загадувањето.
Трајановски денеска ги повика сите градоначалници од Скопје со субвенции да го помогнат овој трошок.
Оваа привремена мерка ќе трае сè додека нивото на загадување не се намали до дозволеното ниво.