Во моменти кога речиси цела македонска јавност е насочена кон бегството на екс-премиерот Никола Груевски во Будимпешта, не стивнуваат и разните реакции, а дел од нив се крајно хумористични.
И додека на повеќето медиуми може да се прочита како се одвивало бегството, кој бил вмешан, како течела процедурата и слично, ние се одлучивме малку да ве насмееме со еден Фејсбук статус.
-После обидот за воен удар и политичките премрежија во Турција ја направија серијата „Долина на волците“, после нашава сапуница ќе снимаме „Долина на овците“, стои во статусот, кој наиде на голем сеир кај публиката.
Воопшто не беше лош ниту еден од коментарите: „Долина на молците“ е поверојатно, со нафталин дека не флитаат.