Старо новиот шампион, Луис Хамилтон ја заврши сезоната со победа на патеката во Абу Даби каде се возеше големата награда на Обединетите Арапски Емирати.
Британецот ја оствари 11-тата победа оваа сезона со што ја освои 5-тата титула во кариерата во шампионатот во Формула -1 во кој рекордер и натаму е Михаел Шумахер.
Хамилтон изби на чело на трката на 20 круга пред крајот откако претходно водството го менуваа Рикардо и Ботас.
На крајот зад светскиот првак трката ја завршија Фетел и Ферстапен додека Кими Раиконен кој ја возеше последната трка во кариерата остана без пласман.
На стартот имаше и инцидент кога болидот на Хулкенберг два пати се преврте и се запали но без последици за младиот пилот.
Мерцедес покрај титулата на Хамилтон доминираше и во конкуренција на конструктори.