Актуелниот стратег на Металург и селектор на македонската ракометна репрезентација, Лино Чевар на прес конференцијата пред дуелот помеѓу Металург и Загреб, одговори и на новинарски прашања околу негово евентуално заминување од селекторското столче на Македонија.
„Јас да се понудам на Хрватска, имајќи 66 години, со толку многу медали, мислам дека е понижување. Веќе осум години сум во Македонија. Не може никој да ми го одземе правото да ја сакам својата татковина Хрватска, но и мојата втора татковина Македонија, таа е мој втор дом. Логично е моето име да биде споменувато, но јас го почитувам мојот тим Металург, неговиот сопственик Минчо Јорданов, ја почитувам и РФМ и претседателот Живко Мукаетов. Нема да разговарам за Хрватска, додека претходно не разговарам за тоа со мојот клуб и РФМ“, изјави Червар.
Претходно тој зборуваше и за дуелот против Загреб во рамките од СЕХА лигата, префрлајќи му ја фаворитската улога на гостинскиот тим, но и порача дека неговите момци ќе се обидат да го поправат впечатокот по убедливиот пораз од Веспрем пред неколку денови.