2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВИДЕО: Како царот слави роденден – јапонскиот владетел полни 85 години, 82.000 граѓани на улиците

Јапонскиот цар Акихито денеска полни 85. години, а на церемонијата присуствуваат повеќе од 82.000 граѓани.

Ова е последен пат Акихито да прославува роденден во кралската палата во Токио, бидејќи во март следната година ќе абдицира.

Акихито од балконот заедно со својата сопруга, најстариот син и наследник Нарухито и другите припадници на кралското семејство, им се обрати на граѓаните кои мавтаа со мали јапонски знамиња и правеа снимки и фотографии.

-Моите мисли се со оние кои ги изгубија членовите од семејството или оние блиски на нив, оние кои претрпеа штета и чии живот се згрозени, рекол јапонскиот цар мислејќи на природните катастрофи кои претходниот период ѝ се случија на Јапонија.

поврзани објави

Последни објави