На социјалните мрежи, масовно се споделува фотографија со прашање од полугодишен тест на дечињата од 4-то оделение, кое гласи вака: Потесно семејство се состои од
а) неколку генерации од исто семејство кои живеат заедно
б) еден родител
в) двајца родители кои ги одгледуваат своите деца
На ова, легитимно се поставува прашањето: Дечиња што живеат со еден родител, немаат 2 родители, поради различни околности, смрт на едниот од родителите, родители кои се разведени итн итн, како би го разбрале прашањето и што би одговориле на истото?
Ова е само едно од прашањата кои на децата од 4-то оделение во Македонија им се упатени на полугодишен тест.
Друго прашање, кое исто така има дискриминирачки однос спрема децата и веројатно оние кои живеат само со еден родител се чувствуваат незгодно кога ќе им се најде пред очи, гласи вака:
Залепи фотографија од свадбата на твоите деца родители (или нацртај ги.)
Напиши ја датата кога твоите родители стапиле во брак. Татко ми тогаш имал Х години, а мајка ми Х години. Во брак се Х години.
Објавите се споделени и на популарната ФБ страница „Приказни од булеварот“ каде има бројни реакции и коментари, но и критики до надлежните од Образование, бидејќи со прашањава се смета дека децата се нетретирани еднакво, бидејќи не секој живее со двајца родители кои се во брак.
Дечиња што живеат со 1 родител, немаат 2…како да го разберат прашањево и што да одговорат?И колку вие од образовање сте морони од 1 до 10?
Posted by Приказни од булеварот on Tuesday, December 25, 2018