14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски доби нов адвокат, Албанецот Мехмет Сефери

Адвокатот, Албанец, Мехмет Сефери, доби нова задача во Македонија.Судот му одреди да го брани најбараниот човек во државата, екс-премиерот, Никола Груевски. Тој вели дека задачата ја прифатил по слободна волја и желба, пренесува ТВ21.

„Од страна на претседателот на судот, денеска добив задача да бидам службен адвокат ангажиран за случајот ТНТ. Јас лично многу малку сум информиран за случајот, но во идниот период ќе барам од судот да ми ги достави материјалите за случајот“, рече Сефери.

Екс-премеирот, Никола Груевски остана без законска одбрана веќе две недели, бидејќи неговиот тим се откажа од задачата. Груевски на 11 ноември избега од државата, а на 13 ноември преку Фејсбук информираше дека е во Будимпешта и дека таму побарал азил.

Неговиот нов адвокат, Мехмет Сефери, вели дека се уште немал никаква комуникација со клиентот кој му го одреди судот, пренесува телевизијата.

„Не, не, јас од страна на судот добив одлука и досега немав никаква комуникација“, вели Сефери.

Основен суд Скопје 1, му одреди нова задача на Мехмет Сефери за случајот ТНТ, кој е во врска со уривањето на станбениот и студентски комплекс „Космос“, во сопствеништво на Фијат Цаноски.

Прочитајте го целиот текст на ТВ 21 – ОВДЕ 

поврзани објави

Последни објави