11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ѓорѓиевски: Со денешното преминување на огранокот на Обединети за Македонија од Могила во ВМРО-ДПМНЕ се покажува дека сме единствена алтернатива на десницата против оваа власт

Ние како ВМРО-ДПМНЕ остануваме единствената алтернатива против оваа ненародна и криминогена власт во Република Македонија предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој денес беше во посета во општина Могила.

-Со денешниов настан, односно со преминувањето на огранокот на Обединети за Македонија во нашите редови, ние испраќаме две силни пораки. Првата порака е дека од една страна и покрај притисоците, заканите и уцените со кои што се соочуваат граѓаните во Република Македонија  сепак ние успеваме и се трудиме да бидеме оние кои што ќе бидат единствена алтернатива и вистински обединители на  десницата во Република Македонија. Втората порака е дека заеднички како Македонци, обединети Македонци ќе успееме на крајот од денот заедно да се избориме против оваа ненародна и криминогена власт, која што гледаме дека ширум Република Македонија освен зло и  црнила што донесе за нашиот народ, нема ниедно суштинско добро. Ние има е две години во кои што Зоран Заев и неговата Влада немаат предизвикано ниедна состојба со која што ќе го подобрат животот и условите на живот на нашите сограѓани. Напротив гледаме дека владее беда и мизерија во Република Македонија, да тргнеме од земјоделците како што е во овој регион овде, па до сите други гранки во општеството владее тотален хаос. Ние и понатаму како сериозна партија, како стожер на македонското општество нудиме подадена рака за сите оние кои што сакаат да се приклучат во борбата против оваа ненародна и криминогена власт, да пријдат, да пристапат во нашите редови и заеднички да се избориме против ова зло кое што е во моментов надвиснато над Република Македонија, истакна Ѓорѓиевски.

поврзани објави

Последни објави