Екс премиерот Љубчо Георгиевски и одговори на Ида Протуѓер за нејзините обвинувања преку коментар на нејзиниот личен фејсбук профил.
Одговорот на Георгиевски ви го пренесуваме во целост:
Почитуваната Протуѓер најверојатно се засегна од две изјави во моето последно интервју.Првата дека во Македонија постојат хушкачи новинари и втората дека некои новинари мислат измислиле топла вода со тоа што констатирале дека Заев прави пазар со осумината за гласање на уставните амадмани. И има право затоа што токму таа ми излезе пред очи.
Поточно нејзиниот последен ТВ настап. Инаку многу е добро што денес Протугер е толку силно анти Груевски настроена но ке ја потсетам дека едно време работеше за него и примаше нарачки од истиот.
Инаку што се однесува на Окта само ке потсетам дека штетите се предизвикани поради тоа што некој го раскина договорот една година пред неговиот крај. Мазут има затоа што некој ја проектирал Рафинеријата да биде мазутара. 32 милиони долари за нафтоводот не ги платија македонските даночни обврзници туку ги инвестираа грците. И конечно со мазутот требаше да се произведува струја во Неготинска термоцентрала. Ако се провери колку пари се дадени за увоз на електрична енергија во овие години разликата ке биде јасна, пишува Георгиевски.