-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вучиќ воведува доживотна казна затвор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави воведување на драконски казни за сторителите на кривични дела, вклучувајќи и доживотен затвор.

Тој, најавувајќи системски и сеопфатни мерки против најтешките кривични дела, по седницата на Советот за национална безбедност, изјави дека државата е решена да ги порази најтешките форми на криминал и корупцијата.

„Сите ќе ги прегазиме, кој знае што сѐ тука ќе се одигрува, но јас им ветувам на граѓаните дека државата ќе ги прегази кримаиналците“, рече Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност, пренесе Б92.

Вучиќ најави и промена на казнената политика, особено за кривични дела на насилно однесување и силување, педофилија, убиство на децата и трговија со оружје и наркотици.

„Зголемувањето на минималните и максималните казни за кривични дела кои вклучуваат насилно однесување, од семејно насилство, силување, педофилија“, рече Вучиќ.

Вучиќ, исто така, рече дека е прифатен предлогот на граѓаните и Игор Јуриќ од Фондацијата Тијана Јуриќ, таткото на убиената девојка Тијана Јуриќ.

„Воведуваме доживотна казна затвор за повеќекратни убиства и убиства на деца“, рече Вучиќ.

„Борбата ќе трае со години, тоа ќе биде тешко, но ние ќе ги надминеме криминалците“, рече претседателот.

Според него, неодамнешните акции на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството ја открија намерата на државата не само да се соочи со најопасните видови криминал во Србија, туку и тој криминал и најтешки облици на корупција да ги победи.

Тој по седницата на Советот за национална безбедност, им честиташе на државните органи, посебно на полицијата, на фактот дека по долго време некои од главните шефови на нарко-бизнисот во регионот, а не само во Србија, се најдоа на потерници на Интерпол а некои од нив се зад решетки.

поврзани објави

Последни објави