-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Генчов за Поглед: Со ова што е изгласано, албанците некогаш, некаде ќе можат да претендираат на терминот Македонија насекаде на територијата на Македонија односно и во Грција

Одличниот познав на македонско-грчките односи, политичкиот аналитичар Александар Генчов во изјава за нашиот портал во однос на најновите случувања, како и гласањето на уставните измени во македонскиот парламент, кои беа условени од албанските политички партии вели:

Внимавајте, овде се работи за еден исклучително важен момент кој што е навидум неважен ама е исклучително важен. Имено,барањата на Беса и Села не се ништо друго освен континуитет на координираните албански барања. Имено,внимавајте овде во графата државјанство во личните документи на албанците се внесува терминот maqedonisht/ciriizen of the republic of North Macedonia.

Внимавајте не се вметнува терминот албанец (shqiptar) туку се вметнува терминот македонец на албански. Навидум ништо. Но во случајов тернинот Macedonian нема веќе словенски корен туку за прв пат станува албански. Внимавајте,тие не бараат да стои албанец или превод на зборот албанец на англиски туку терминот MACEDONIAN за првпат во договорот станува MAQEDONISHT. Настрана каков е договорот Дали добар дали лош. Настрана тоа. Но одреден спор, меѓу два дела од народ, сега добива албанска приказна. На тој начин албанците некогаш, некаде ќе можат да претендираат на терминот Македонија насекаде на територијата на Македонија односно и во Грција.

поврзани објави

Последни објави