-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Христијан Мицкоски: СДСМ веќе две години спие, не работи, економијата е катастрофална, сето ова покажува дека нема да има преговори за ЕУ

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа кажа дека СДСМ веќе две години спие, дека имаме пораз на секаков план и дека нема никакви реформи во судството, здраството, образованието.

-Економијата е катастрофална и тоа во моменти кога европската и светската екомија се во рапиден раст, ние се задоволуваме со просечни стапки на пораст на бруто домашниот прозивод, и владата кажува дека овие месец дена се курцијални за да се случат преговорите со ЕУ , и сето ова покажува дека нема да има преговори за ЕУ, потенцираше Мицкоски.

Тој рече дека според сите најави и оваа година нема да се добијат датуми за преговори затоа што се тргува со правото, нема правдина во оваа државата, нема реформи во судството и економијата.

-За да вие добиете датум за преговори јасно и гласно денеска официјални лица од Европската унија ни кажаа дека не е само ова понижување што се направија во петокот, туку треба да се засукаат ракави и да се работи, истакна претседателот Мицкоски.

Тој додаде дека за да се добијат тие преговори треба да се се направат реформи кои навистина ќе би бидат структурни, треба да се донесат закони не само на хартија туку тие да бидат оперативни, треба да има фер судство каде граѓаните ќе имаат доверба во него.

поврзани објави

Последни објави