Ратификацијата на Преспанскиот договор од страна на грчкиот парламент ја поздрави и албанскиот премиер Еди Рама. На Твитер тој им се обраќа на неговите колеги Ципрас и Заев, изразувајќи им почит и честитки за „историскиот договор“.
-Повторно почит и честитки за Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивниот историски договор и ставањето крај на конфликтот меѓу Грција и Северна Македонија. Ова тешко можеше да го произведе стара локална политика, но тоа многу добро го реализираа моите пријатели, напиша Рама.
Гласањето беше поздравено и од претседателот на албанскиот парламентот, Грамоз Ручи, нарекувајќи го храбар чин на Грција.
И лидерот на најголемата опозициска сила, Демокртската партија, Љуљзим Баша го поздрави усвојувањето на Преспанскиот договор од страна на грчкиот парламент, оценуваќи дека договорот го отвора патот за членство на Северна Македонија во НАТО.