13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ФОТО: Се зголемуваат објавите со јавна поддршка на Ѓорчев за претседателски кандидат

Откако пратеникот Владимир Ѓорчев, ја објави кандидатурата за претседателски кандидат на претстојната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, поддршката за него од ден на ден се зголемува.

Поранешниот амбасадор на Република Македонија во НР Кина и во Малта, Оливер Шамбевски, јавно на Фејсбук, ја изрази неговата поддршка за Ѓорчев.

-Владимир Ѓорчев го познавам повеќе од 20 години. Вчера прочитав дека ќе поднесе кандидатура на Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија и најискрено мислам дека е одлично решение од неколку аспекти.

Владимир е исклучително посветен човек на идеалите кои ја формираа оваа држава. Тој во ВМРО-ДПМНЕ е постојано и е активен од самите нејзини почетоци, а кога ова го зборам ги имам предвид и помалку тешките години за ВМРО, но особено ги имам предвид тешките години за ВМРО.

Заради природата на мојата работа како амбасадор сум бил сведок на неговата исклучителна популарност кај меѓународната заедница и тоа во неколку наврати. Неуморен е во градењето пријателства со влијателни луѓе во меѓународната заедница и сметам дека тоа многу ќе и помогне на Македонија, напиша Шамбевски.

Ѓорчев доби поддршка и од Александар Спасеновски, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

-Искрено верувам дека тивкото мнозинство наши сограѓани со тебе ќе добие автентичен мотивиран претставник кој ќе знае како да ги заштити и унапреди заедничките интереси за семејството, за заедницата и за државата. – порача Спасеновски на Фејсбук.

поврзани објави

Последни објави