Медузите тргнаа во инвазија на човечката раса, вака порталот „Mashable“ ја објаснува целата ситуација кој се случува во послендиот период на плажите во Австралија.
На бреговите во оваа држава може да се видат огромен број на медузи. Според официјални статистики, во последните два месеци, околу 23.000 луѓе се пожалиле дека имале блиска средба со медузи во водите во Австралија.
Оваа информација ја сподели и Шарлот Лосон на својот Фејсбук профил преку неколку фотографии, кои во најмала рака личат на филмски сцени, но сепак станува збор за реалност на бреговите во Австралија.
https://youtu.be/gREp03C9Ldc