12.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Мицковски до Заев и СДСМ: Одважете се и ајде да излеземе да се соочиме пред граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на Парламентот, поднесе иницијатива за распуштање на Парламентот и формирање на техничка влада, се разбира следствено на тоа и оставка на Претседателот на Владата Зоран Заев, како што е регулирано со закон.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното интервју на МТВ и образложи пример, сличен на оној кој што СДСМ го направи за време на референдумското изјаснување и за време на локалните избори кои што се случуваа есента 2017-та година.

-Практично во отсуство на било какви аргументи владата се обидува да ја еве да речам деваргира јавноста кон тоа да ВМРО-ДПМНЕ бара избори, а моли бога да не ги добие истите. Токму поради таа причина ние антиципиравме дека СДСМ ќе се обиде да ја примени оваа стратегија во јавноста имајќи ги во предвид гласните на нејзините оришници помеѓу медиумите кои ќе повторуваат во јавноста една те истата реченица во периодот кој што следува. Сакавме да ја демастифициравме и да ја откриеме вистинската намера на СДСМ. И заради тоа имавме седница на Извршниот, имавме седница на Централниот Комитет на партијата и за време на тие седници партијата едногласно донесе одлука да во текот на денешниот ден што и се случи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, пратениците кои се дел од таа пратеничка група да поднесат иницијатива за распуштање на Парламентот, нагласи Мицкоски.

Мицкоски рече за да и биде на јавноста појасно согласно законот за Влада кога ќе имаме предвремени парламентарни избори или редовни парламентарни избори тогаш техничка влада е обврзувачка. Што значи дека делот од министерските решенија во таа техничка влада ќе биде во надлежност на опозицијата и дел на заменик министерските места ќе бидат на номинација на опозицијата. СДСМ и оваа влада не се подготвени да имаат реален одраз на силите, односно слободни фер гласање еклантантен пример имаме на референдумското изјаснување каде што се проби законот на физиката имаше надчовечко гласање од 2.4 секунди глас во одредени избирачки места, потенцира Мицкоски.

-Го повикавме владејачкото мнозинство да се одважи, ако навистина имаат таква доверба кај граѓаните, ако се самоуверени како што кажа Зоран Заев, во саботата пред да замине на зимување дека ќе добијат нов четиригодишен мандат, еве можност да излеземе и да се соочиме пред граѓаните и навистина да видиме каква е вредноста на овие политичари, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека континуирано се мери јавното мислење на граѓаните, како и дека голем е процентот на недовербата во институциите, правниот систем, владеењето на правото како и во демократските процедури.

Тој се надева дека Заев ќе ги послуша и неговите министри во неговата влада Манчевски и Десковска кои јавно истакнувале дека и тие сакале да одат на избори и да го видат мислењето на граѓаните.

-Ние се надеваме дека тоа ќе се случи, дека тие ќе се одважат тоа да го направат. Ние сме подготвени за тоа да се случи, нагласи Мицкоски.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на претседателски избори доколку СДСМ не излезе на предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече:

-Доколку се затскријат, доколку одлучат повторно да бегаат од јавноста, најголемата опозициона партија, граѓаните имаат основано сомнение дека нивните намери не се чесни односно дека повторно сакаат со нефер избори да манипулираат со гласовите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се разбира дека ќе стори се што е во наша моќ тоа да не се случи. ВМРО-ДПМНЕ е силно мотивиран и мобилизиран да учествува на тие претседателски избори кои што практично ќе ги победи, ќе победи и во Охрид, ќе победи и во Ново Село и на тој начин силно ќе ја подотвори вратата на едни нови предвремени парламентарни избори, ако не сега барем на есен. Затоа е многу поважно да заштедиме на времето, затоа што притисокот на победата на опозицијата на претседателските избори, победата во Охрид, победата во Ново село ќе значат огромен товар за владата, потенцираше Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ја сака Република Македонија и ги сака граѓаните на Република Македонија и тука немам никаква дилема. Ние нема да излеземе со понуда која опфаќа ниски страсти, ќе излеземе со понуда која што нуди решенија за граѓаните и нема да манипулираме со чувствата на граѓаните, ниту во еден случај ниту по една основа, ниту по етничка ниту по политичка, рече меѓудругото Мицкоски во вчерашното интервју.

Според него, на хартија може да се стави и најубавата басна, но потоа доаѓа момент и кога таа басна мора да стане реалност, нагласувајќи дека дури тогаш граѓаните мерат дали една политичка партија или претседател на владата има капацитет да ги реализира ветувањата или не.

Мицкоски истакна дека пред две години Заев во истото студио ветувал инвестиции и живот за граѓаните, но и после две години ситуацијата во Македонија не се променила, додавајќи дека владата на СДСМ ветувала живот а донеле пекол. Две години потоа за жал ситуацијата е траорна. Ветуваа живот, пекол донесоа, реално, вели тој. Мицкоски истакна дека со доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе ги обедини сите структури и етникуми и ќе се понудат решенија и ќе ги мотивираат луѓето кои ја напуштиле државата да се вратат назад во Република Македонија.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -