10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Тимчо Муцунски со поддршка за кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова

Отворено ја подржувам кандидатурата за Претседател на Република Македонија на Проф. д-р Гордана Силјаноска, која е долгогодишен истакнат научен работник и Редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан први“ при Универзитот “Св. Кирил и Методиј”. Научниот опус на Професор Силјаноска, кој вклучува голем број на објавени научни трудови, книги, значајни публикации, безброј презентации и реализирани проекти дома и надвор од земјата се неспорен доказ за вложен труд и беспрекорен напор во создавање на дополнителна вредност во интерес на целата општествена заедница. Нејзините научни и животни остварувања на домашно и меѓународно поле се вистински пример од кој сите ние и генерациите кои следат треба да учат и следствено применуваат.

Секако не смее да се запостави и повеќегодишното активно членство и учество на Професор Силјановска во влијателни работни комитети, комисии, форуми и конференции во рамките на меѓународните владини и невладини организации и институции, што истовремено е поткрепено со доделување на голем број на меѓународни признанија.

Личност која со свој труд, висок степен на одговорност, посветеност и постојани самоодрекување успеала да постигне извонредни резултати на секој план, заслужува да биде носител на највисоката политичка функција на државата, а остварувањето на нејзината цел за нас би требало да претставува висока чест, привилегија и задоволство. Верувам дека Професор Силјаноска ќе биде одличен Претседател на Република Македонија.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -