Пред Владата на Република Македонија денеска на свечена церемонија беше подигнато знамето на НАТО, а свое обраќање имаше премиерот Зоран Заев.
Поздравувајќи ги присутните претставници на Владата, Собранието, Армијата, верските заедници, претставниците на дипломатскиот кор и воени аташеа, како и гости од граѓанските, политичките, државните институции, медиуми и заинтересирани граѓани, премиерот Заев подвлече дека денес, со сигурност кажуваме дека нашата татковина успеа, дека е на вистинскиот пат кон прогресот и кон непречен развој.
На платото пред Владата имаше гости кои беа поканети да ја следат церемонијата. Во први редови можат да се забележат екс премиерите Љубчо Георгиевски и Владимир Бучковски. Сепак, за разлика од нив на настанот не можеше да се забележи Бранко Црвенковски.
ФОТО од настанот ОВДЕ