Пред повеќе од 15 години домашната публика лудуваше за латино-американските серии, а една од најфаворизираните глумици беше и Талија. Многумина поради неа актуелно ги следеа случувањата во сапуниците како “Marimar” и “Rosalinda”.
Талија ги толкуваше улогите во сапуниците како “Marimar” и “Rosalinda”, а нејзината популарност беше толку голема така што во нашиот регион сите ја познаваа, а исто така се слушаше и хитот како “Amor a la Mexicana”.
Талија и денес е голема ѕвезда во Мексико, а во Америка беше актуелна во јавноста откако се омажи за Томи Мотола, поранешниот маж на пејачката со раскошен глас, Мараја Кери.
Во 2003 година, таа засекогаш го напушти светот на сапуниците и се посвети на музиката, а истата година објави и музички албум наменет за американскиот пазар.
Од нејзиниот албум се издвои песната “I Want You”, а нејзините други песни не достигнаа енормна популарност.
Талија Соди мами воздишки кога и да се појави на црвениот тепих. 47-годишната мексиканска актерка, позната по улогата на „Росалинда“, изгледаше фантастично на забава по повод Греми во Беверли Хилс, Калифорнија. Таа блескаше во зелена креација со пердуви од новата колекција од сопствената модна линија.
Погледнете како таа изгледа со нејзиниот сопруг: