3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Песна од малата битолчанка Фотина Наумоска за отец Партениј

Со почит кон славењето на Свети Партениј Лампсакиски, чиешто име го носи возљубениот наш Отец

Мил Татко, Ти широко ја отвори вратата на твојата душа, и со љубов и трпение ги поучуваше нашите татковци, мајки, баби и дедовци, како да се борат со искушенијата. Ги поучуваше дека најважни за нив сме ние, нивните деца.

Од мали бебиња твојата Обител нѐ крштеваше со Светиот Дух. Еве сме, растеме и чекориме по духовните дворови кои ти ги отвори за нас.

Твоето вложување ќе остане да сведочи за тебе и за сите идни генерации, кои ќе ја чувствуваат безвременската вредност.

Јас сум една од многуте деца кои растат покрај тебе. Твојот поклон длабоко го спакував во моето срце, а тоа е љубовта за тебе.

На многаја лета!

поврзани објави

Последни објави