13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Мицкоски се потпиша на кандидатурата на професорката Гордана: Заедно со граѓаните на Македонија ќе имаме убедлива победа над деспотот Заев

Како граѓанин денеска во подрачната единица на Министерството за правда, тука во општина Карпош дојдов да се потпишам на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова и на тој начин практично да ја изразам мојата недвосмислена поддршка како граѓанин на Република Македонија и како претседател на најголемата политичка партија во Македонија, ова денеска го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од подрачната единица на Министерството за правда во Карпош.

Сведоци сме на перманентно кршење на правото и правдината и еден од условите Македонија повторно да заличи на правна држава и демократска е токму победата на идните претседателски избори кои ќе се случат на 21 април, односно 5 мај.

Јас сум силно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ со професорката Гордана, но и со граѓаните на Република Македонија ќе извојува убедлива победа над она што ќе го кандидира деспотот Заев, СДСМ и групата која што е собрана околу него и практично од тој ден започнува враќањето на правото и правдината во Македонија, додава Мискоцски.

поврзани објави

Последни објави