11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Македонците тоа го работат бесплатно, а во САД се заработува вистинско богатство: 18 годишник заработил 35 илјади долари за четири дена

Дејвид Холстен (18) бил во посета на својата мајка во болница во Вашингтон, кога пријател му предложил во весник да објави оглас за давање услуги, односно за чистење снег. Тинејџерот од американската сојузна држава Ајдахо заработил дури 35 илјади долари за четири дена чистејќи снег од приоди на куќи, но и на разни фирми, градинки и мотели.

Со оглед на тоа дека во Вашингтон во февруари падна најмногу снег во последните 70 години, момчето сфатило дека не е едноставно тој да се чисти со обични лопати. Кога увидел дека одредени лица се подготвени да платат и 1.000 долари за таа услуга, тој се вратил во Ајдахо го зел багерот и плугот и ги однел во Вашингтон. Еден час чистење снег наплатувал меѓу 500 и 750 долари.

Ако неисчистениот од снег автомобил претставува ризик поради намалената видливост, кај камионите и автобусите опасноста е многу поголема.

А за тоа како изгледа чистењето на снег од автобус или булдожер во САД, погледнете во видеото:

поврзани објави

Последни објави