Американски тенкови и оклопни возила пристигнаа во северна Естонија, во градот Тапу, поради акцијата против „руските заканувања“ за земјите од Балтичкиот полуостров.
Како што пренесуваат медиумите, повеќе од 50 единици, меѓу кои се и четири воени тенкови, пристигнаа градот Тапу, а пред неколку денови во касарните се сместени и американски војници.
Командантот на операцијата, Едвард Бејчар, изјави дека американските воени сили ќе учествуваат во парадата по повод Денот на незавнисноста на Естонија.
Размешувањето на воените единици е продолжување на операцијата која започна уште во 2014 година, после референдумот на Крим и војната на истокот во Украјна. Пред скоро еден месец, во Европа пристигнаа околу 4.000 американски војници, со седиште во Германија, а распоредени во балтичките земји, како и во Бугарија и Романија.
Целата оваа акција е договорена во јули 2016 година, со цел да се зајакне европската безбедност.