11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Хуманоста нема граници: Маж посвоил четири деца со посебни потреби поради една причина

33 годишниот Бенџамин Карпентер, кој живее во Шипли, Западен Јоркшир, стана познат во цела Велика Британија, откако донесе одлука да посвои четири дечиња со посебни потреби, со цел како што и самиот тој вели, да им помогне да пораснат во малку подобар свет.

Бенџамин себеси се опишива како скромен човек, кој уште од своите помлади години имал една единствена желба, да стане родител.

„Со оглед на тоа што децата со посебни потреби се секогаш на дното на листата за посвојување и во многу ситуации, дури и кога некој има желба за нивно посвојување, може да биде комплицирано да им се најде соодветно место за живеење, јас решив да направам мала промена“, изјави тој.

Првото дете го посвоил пред 10 години, Џек, кое водено е и најстаро во семејството. Неколку години подоцна ја посвоил Руби.

Откако дознал дека Руби или своја биолошка сестра по име Лили, која била глува и со сериозни здраствени оштетувања, направил се што е во негова моќ за двете сестрички да пораснат заедно. Целото семејство го научило јазикот на глувонемите за да можат да комуницираат со нејзе.

Последно го посвоил 2 годишниот Џозеф, кој боледува од Даунов синдром.

поврзани објави

Последни објави