Веројатно веќе знаете, но додека Европа смрзнуваше и се бореше со снег и ниски температури, Австралија доживуваше вистински горештини.
Барајќи чаре, двајца Австралијанци – познатите близнаци и Youtube пранкстери Racka Racka, решиле да направат нешто што веројатно малкумина би го направиле, под услов прво да им текне. Браќава ја наполниле својата кола со вода, претворајќи ја вистински базен на тркала. Многумина беа посветени од ваквиот нивни проект, па овој начин за да се справат со високите температури предизвика внимание во австралиската јавност.
Институциите пак, од друга страна не се многу воодушевени од нивниот проект, но нема многу што да сторат. Единствено што им останува да ги советуваат дека возење во подводни услови не е препорачливо.
We've tracked down one of the blokes responsible for the viral "car pool" video to find out exactly how they did it. www.7plus.com.au/news#TheLatest #7News
Posted by 7NEWS Adelaide on Thursday, January 17, 2019
Пишувано од порталот 365.мк