-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Македонска делегација учествуваше како партнер на најголемиот конзервативен настан во светот CPAC

Почнувајќи на 27-ми февруари па сѐ до 2-ри март, во Вашингтон се одржува најголемиот конзервативен настан во светот, CPAC 2019, организиран од Американската Конзервативна Унија. За прв пат, официјална македонска делегација учествува како партнер и спонзор на самиот настан преку тимот на АКРЕ (Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа)

На годинешниот CPAC (Conservative Political Action Conference – http://cpac.conservative.org/agenda/) во кои учестуваат околу 10,000 учесници и содржи повеќе од 100 поеднинечни настани како предавања, дебати, работилници, мотивациони говори и друго. Дел од предавачите се Претседателот на САД Доналд Трамп, Тед Круз, Мајк Пенс, конгресмени, сенатори, амбасадори, европратеници, невладини организации и иницијативи, итн.

Европската делегација на АКРЕ ја сочинуваат лидери на политички партии („VOX“ од Шпанија, Шведски демократи, Конзервативците од Британија, „PiS“ од Полска и други), европратеници на АКРЕ, Нов Правец (New Direction) како и нашите делегати Александар Богоевски, Стефан Василевски и Никола Дионисијев.

Фото

Ќе следат интересни дискусии, видеа и вклучувања во живо од самиот настан.

поврзани објави

Последни објави