7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Мицкоски: Пазарџиите се разочарани од односот на оваа непотистичка влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари посета на Охрид.

Тој го посети градскиот пазар и разговараше со пазарџиите.

Ја видовте реалната слика денеска на пазарот овде, полупразни тезги, полупразен пазар, бидејќи сега нема купувачи, луѓето се жалат, пазарџиите се жалат разочарани од односот на оваа криминална непотистичка и насилничка влада предводена од деспотот Заев. Прометот им е паднат. Практично сето она коешто ние изминативе речиси две години откако владата на СДСМ и Заев е на власт, ние апелираме не само што не дојде живот туку навистина пекол донесоа. Реалноста можете и вие да ја видите денеска на пазарот овдека во Охрид, порача Мицкоски по средбата.

Има една траорна атмосфера, нема купувачи пазарџиите се жалат, сите оние законски решенија коишто изминатиот период владата ги донесе се на штета на пазарџиите. Наместо да понуди решенија за нивните проблеми, они понудија одлагање на законското решение. Со нашите посети на пазарите во Република Македонија ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе законски решенија кои ќе бидат во корист на пазарџиите, посочи Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави