Грчкиот премиер Алексис Ципрас, за време на форумот во Делфи октри дека во следниот период има намера да присуствува во официјална посета на Скопје, со што ќе стане првиот премиер на нашиот јужен сосед кој ќе дојде во нашата земја.
Набргу ќе бидам првиот грчки премиер кој официјално ќе го посети Скопје, придружуван од бизнис делегација- најави Ципрас, а пренесува МИА. -Дополнително ќе пристапиме кон основачки состанок на високиот совет за соработка меѓу Грција и Северна Македонија, со цел да ги истражиме начините за продлабочување на нашата соработка во области од заеднички интерес-изјави премиерот на Грција.
Николовски информираше: Исплатени се субвенции на 26.300 земјоделци. Запознавање со преблемите на земјоделците од Тетовско како и нивните сугестии и предлози но и промовирање на политиките за подобрување во земјоделството во регионот и пошироко во целата држава, беше целта на денешната посета на Тетово на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски каде заедно со повеќе директори и други носители на функции од овој сектор имаше средба со земјоделците од регионот.
Според министерот Николовски, денешната средба е само продолжување на нивната практика секоја сабота да посетат друг регион во државата и да се сретнат со земјоделците. Тој се осврна на практиката за навремено и редовно исплаќање на субвенциите.
Вчера беа исплатени 332 милиони денари или 5,5 милиони евра за над 26.300 земјоделци за субвенционирање на житни култури тогаш кога им се потребни за да ги вложат во новото производство за годинава. Минатата недела беа исплатени 16 милиони евра за субвенција за грла добиток и тоа неселективно во еден ден целосна исплата на субвенциите за сточарите. Претходната недела исто неселективно и во еден ден лозарите од тиквешкиот регион добија 9 милиони евра субвенции- рече Николовски.