Пехчево е уште еден доказ дека животот во Македонија не е дојден за сите граѓани. Не смее Македонија да биде мајка за братучедите, синовите и другите роднини на функционерите на власта а маќеа за сите други. Не смее надеж да се бара во пасоши на странски држави.
Со победата на претседателските а подоцна и на парламентарните избори заедно ќе создадеме услови за фер битка и за добар живот на сите.
Целата кариера имам среќа да бидам со студенти, со млади луѓе на кои ќе ја оставиме Македонија. Среќна сум што на секоја средба со нив учам нешто ново.
Понекогаш јавноста ги потценува младите луѓе, но јас тврдам дека младите како најголемо богатство не е само обична флоскула туку апсолутна вистина. Треба да направиме се Македонија да го искористи нашиот најголем капитал.