6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Не трошете ја вашата енергија на луѓе кои ве отфрлаат

Вашиот фокус насочете го кон луѓе кои заслужуваат и личности што ви даваат внимание.

Исчистете го просторот од негативни емоции кои ги оставило минатото и направете простор за шансите кои ги носи иднината, прекинете веќе еднаш да размислувате за тоа што би било да сте направиле нешто друго. Не вреди на тоа да ја трошите вашата енергија, кога тоа не е до вас.

До луѓето е – оние кои не ве заслужуваат затоа што се насочени кон самите себе.

Немојте да ја трошите енегријата беспотребно. Сте се обиделе нешто со некој, но не успеало, тоа не е ваша кривица, туку туѓа и сега без потреба се грижите за тој однос. Колку позитивна енергија ќе биде фрлена во празно, колку само емоции ќе се најдат, кои никогаш нема да бидат искажани.

Не е лесно само туку така да се избришат сеќавањата и сето она што се наоѓа во длабочината на срцето, но уште полошо е непрекинато да си давате лажна надеж дека тоа ќе се промени.

Ниту најсилните личности не можат да го заборават своето минато кое го граделе со одредена личност, минатост која не успеала, но затоа се насочуваат кон други личности, влегуваат во нови искуства и градат нови релации. Дајте им шанса на други луѓе.

Како и на филмска лента кога се снима нова приказна, се брише онаа старата и дури тогаш може да се каже дека сте се ослободиле од болната минатост, но воедно и само така може да се тргне со чисто и мирно срце напред.

Затоа прифаќајте ги новите луѓе, одете на состанок со нив. Применете го секојдневниот контекст и видете дека убавината на животот ќе дојде сама по себе. Нема со ноќи да се мачите со сеќавањата на луѓето кои сакате да ги заборавите, кои сакате да ги исфрлите од вашите мисли, ниту ќе размислувате за тоа како ве повредиле и колку рани оставиле на вас.

Градејќи постепено свој нов живот ќе се ослободите од сите непосакувани лоши моменти во истиот.

поврзани објави

Последни објави