Исчезнале две девојчиња од 5 и 8 години – два дена ги немало, а потоа чудо

0
1

Две сестри, на возраст од 8 и 5 години, кои во петокот исчезнаа во Северна Калифорнија пронајдени се денеска, после масовната потрага во која била ангажиран и хеликоптер и кучиња за трагање.

Сестрите Карико, 8-годишната Лејла и 5-годишната Керолајн биле пронајдени од капетанот на пожарникарната единица и пожарникар кои ги следеле трагите од чизмите кои ги носеле девојчињата.

-Ова е целосно чудо – рекол шерифот на областа Вилијам Хонсал, објаснувајќи дека се пронајдени во дивината на Северна Калифорнија. Иако дехидрирале, тие не се повредени и добро се расположени, рекол Хонсал.

Тој навел дека девојчињата се членови на локален клуб каде минатата недела минале обука за преживување на отворено, што како што се верува, им помогнало.

Сестрите носеле чизми и јаделе штанги од житарици, пренесува АП. За исчезнатите девојчиња трагале повеќе од 100 полицајци и спасувачи, меѓу кои и припадници на Националната гарда и американска крајбрежна стража.

Последен пат биле видени во петокот околу 14:30 часот пред својата куќа во Бенбоу.

The Humboldt County Sheriff's Office is still searching for two Benbow girls who went missing Friday…

Posted by Shawn Fitzgerald Ritner on Saturday, March 2, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here