7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Поучна приказна: Никогаш не знаете што ќе се случи утре

Лела работела во голема фабрика за месо. Еден ден кога ја завршила својата смена, отишла во ладилникот да провери нешто и во момент на невнимание, вратата од ладилникот се затворила и таа останала заробена.

Иако викала и довикувала помош, никој не ја слушнал бидејќи сите си заминале, а ладилникот бил изолиран така што никој не можел да ја чуе. Останала во ладната просторија и знаела дека е осудена на смрт ако таму го дочека утрото.

После неколку часа, оваа девојка била речиси смрзната и се простила од животот. Сепак, во еден момент вратата ја отворил ноќниот чувар и ја извлекол од ладната просторија. Кога подоцна го прашала чуварот зошшто дошол до ладилникот и ја отворил вратата, иако тоа не е негова вообичаена рутина, тој објаснил:

„Работам тука веќе 35 години. Десетици вработени секој ден излегуваат и влегуваат, но ти си една од ретките кои секое утро и секоја вечер ме поздравува. Многумина ме третираат како да не постојам. Денес кога дојде ми рече ’Добро утро, како сте’ и се насмеа. Но после работното време сфатив дека не го слушнав твоето ’Довидување, се гледаме утре’. Тие зборови ме потсетуваат дека сум личност. Знаев дека нешто недостасува и затоа тргнав во потрага по фабриката. Така те пронајдов“.

Лекција: Третирајте ги луѓето со почит. И чуварот и чистачката се луѓе како и вие. Ценете ги луѓето кои умеат да зборуваат и со доктор на науки, но и да бидат љубезни со некој кој во тој момент е на ниска позиција. Никогаш не знаете што ќе биде утре.

поврзани објави

Последни објави