Поранешниот претседател на кривичниот суд Владимир Панчевски, денес повторно не се појави на закажаното рочиште за случајот „Мобинг“. Панчевски не се појави ниту на претходното судење.
Од обвинетата страна присуствуваа само двајца од петмината адвокати на Панчевски, а судијката од неговите адвокати побарала наместо усно, во рок од 15 дена писмено да се изјасни за поднесената тужба од адвокатското дуо Јанковиќ-Давидовиќ.
Горан Стаменковски вработен како раководител во одделот за човечки ресурси, оваа тужба ја поднел по две основи, поради малтренирање за време на служба и злоупотреба на рамноправноста. Тој потврди дека несогласувањата со Панчевски започнале откако тој дознал дека Стаменковски е дел од протестите на „Шарената револуција“.