-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Го открија дури после 20 години: Управувал 20 години со авиони со лажна дозвола

Во дваесеттиот век, со појавата на интернетот, почнаа да се случуваат измами кои во минатото биле незамисливи. Па така, се појавија инжењери, учители, но и лекари со лажни дипломи.

Вилијам Чендлер, пилот кој повеќе од 20 години управува авиони без дозвола, бил откриен дури неодамна, кога минувајќи низ швајцарскиот воздушен простор извел некои невообичаени маневри.

Како што се наведува, за време на летот од Јужна Африка до Германија, тој извел невообичаени маневри на небото. Чендлер се товари за измама, откако со години лажно тврдел дека е пилот.

Јужноафрикански „Мејл и Гардијан“ пренел дека инцидентот се случил за време на летот СА206 во ноември минатата година, од меѓународниот аеродром „ОР Тамбо“ до Франкфурт, Германија и бил забележан во швајцарскиот воздушен простор.

Според пишувањето на британски „Мирор“, Чендлер во текот на целата своја кариера, летал со лажни документи, се додека јужноафриканската авиокомпанија му ја одзела пилотската лиценца.

поврзани објави

Последни објави