5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Мисајловски за Курир: За мене само „Северна“ е трибината на градскиот стадион изградена од ВМРО (ВИДЕО)

Околу последните политички збиднувања, економските тенденции и прашањето за името разговаравме со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Тој за Курир вели дека за него само „Северна“ е трибината на градскиот стадион изградена од ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето кои се очекувањата од лидерската средба која е закажана за утре Мисајловски подвлече дека преку дијалог ќе се бараат решенија за некои горчливи проблеми кои ги имало во минатото.

-ВМРО-ДПМНЕ беше изолирано целосно од власта за сите закони за се она што се случуваше во Република Македонија но се она што се донесе, се донесе на нелегитимен начин. Добро е и здраво за ова општество да имаме вакви средби. Јас го поздравувам ова и мислам дека преку дијалог ќе ги отвориме сите прашања и да се најдат решенија за некои горчливи проблеми што ги имавме во минатото, вели за Курир Мисајловски и потенцира

„Следуваат претседателски избори кои мораат да бидат спокојни и мирни бидејќи секој граѓанин треба да излезе да гласа за својот кандидат за својата партија за она што навистина ќе цени дека е најдобро во тој момент. Бидејќи сведоци сме дека на последниот референдум имавме гласање на 2,4 секунди. Ако власта не не слуша нас тогаш навистина ова општество има проблеми. Гледате во ниедна сфера во општеството оваа Влада не се подобрува. Ние имаме катастрофални последици на секое поле. Дали е тоа економија, дали е здравство, дали е образование.“

За Специјалното Јавно Обвинителство вели дека не ги исполнило своите очекувања.

„Можеме да видиме дека целосен прогон се прави само кон една политичка партија или конкретно против ВМРО-ДПМНЕ со директен прогон на сите оние што биле активни во минатото што се уште се активни, за цел бренд на ВМРО-ДПМНЕ да се сруши.“

Мисајловски за Курир вели дека очекува на претстојните претседателски избори да побдеи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова.

Јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата и најсилната партија во Република Македонија и ние мораме да допреме до граѓаните. Ние мораме да бидеме на терен, мораме да ги објасниме сите наши политики сега што ги водиме и нашата борба што беше во минатото. Гордана Силјановска има свои ставови, додека од другата страна имаат кандидат што нема направено ништо за Република Македонија. Бараа консезуален кандидат решија да одат со заеднички. Тоа е така бидејќи сакаат да го намалат поразот.

поврзани објави

Последни објави