5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Тешките моменти ја натераа на тоа: Јелена Карлеуша одлучи – го менува своето име

Српската пејачка Јелен Карлеуша ќе си го смени името. Таа реши покрај своето, да го додаде и името на нејзината мајка- Дивна, во знак на благодарност и сеќавање на неа.

Пејачката одлучи за јавноста и понатаму да остане ЈК, но во личните документи покрај своето име ќе го додаде и мајчиното.

Инаку, познатата поп пејачка се уште е очајна поради големата загуба.

Според српските медиуми, нејзината здравствена состојба полека се враќа во нормала, но се уште постојано зборува за нејзината мајка и многу често се расплакува додека зборува со најблиските.

Пејачката изјавила дека сака да го додаде името на својата мајка и на тој начин постојано да биде поврзана со неа, но и да и се оддолжи за целата поддршка што и ја давала постојано додека била жива.

поврзани објави

Последни објави