2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ФОТО: Сопругата на познатиот македонскиот пејач квалитетно го олесни сефот на банкарот

Во седум сезони колку што веќе трае квиз шоуто „Се или нешто“, се случиле доста интересни моменти за паметење, а вчерашната емисија беше една од таквите.

Имено, натпреварувачка во битка со банкарот беше сопругата на фолк пејачот Марјан Коцев, Билјана, која иако во блажена состојба без проблем доаѓаше во квизот.

Сега дојде и нејзиниот ред за игра која и одеше неверојатно добро. Билјана ги отвораше најмногу сините кутии, па на крај се до последната рунда и останаа највисоките суми во црвените кутии.

Саканата на Марјан по негова сугестија ја прифати понудата од 130 илјади денари од кои беа и повеќе од задоволни.

Освен возбудливата игра, Билјана и Марјан раскажаа интересни моменти од својата приватност, односно како се запознале.

Прв почна да раскажува пејачот дека Билјана ја запознал на свадба каде настапувал и не се двоумел веднаш да и пријде и да го земе нејзиниот број. Освен за својата љубовна приказна, Коцеви раскажаа и дека имаат среќа во игрите на среќа, а од наградната игра со фискални сметки пред неколку години, освоиле автомобил.

Па така, банкарот во целата емисија знаеше со кого си има работа и не затоа сефот му остана квалитетно олеснат.

поврзани објави

Последни објави